|
Article on other languages:
|
Водата е оксид на водородот. Таа е безбојна, безвкусна супстанција без мирис која е есенцијална за сите познати форми на живот и е најуниверзален раствор. Водата е широко застапена супстанција на Земјата. Таа се наоѓа на многу места и во многу форми: најчесто во океаните и поларните области со мраз, но и во облаците, дождот, реки и извори. На планетава, водата постојано кружи во кругот што ги вклучува испарувањето, врнежите и истечните води. На сите познати форми на живот им е потребна вода. Луѓето конзумираат питка вода - вода со својства соодветни за човечкото тело. Овој природен ресурс почнува да се намалува со растењето на светската популација и нејзината достапност станува голема социјална и економска загриженост. Од вселената јасно се гледа распостреноста на вода на нашата планета. Водата може да се најде во три агрегатни состојби: течна, гасовита и цврста. Најголема густина водата има на 4 степени,а врие на 100 целзиусови степени. Човечкото тело содржи големо количество на вода, околу 71% од телесната тежина.
|
This article is from Wikipedia. All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License.