Волгоград (на руски Волгоград) е град во Јужна Русија, центар на Волгоградска област, Јужен федерален округ. Се наоѓа на западниот брег на Волга, при вливањето на реката Царица. Во минатото градот се нарекувал Царицин (до 1925) и Сталинград (1925-1961). Населението на градот е околу 1 014 000 жители.