|
Article on other languages:
|
Фамилијата на главоцветните или Asteraceae (уште и Compositae, сложеноцветни) е најголема фамилија на цветни растенија по број на видови. Името Asteraceae е изведено од името на родот Aster, додека Compositae е постаро, но сѐ уште валидно. Според некои податоци, оваа фамилија брои повеќе од 1600 родови и 23000 видови. Најголеми родови се Senecio (1500 видови), Vernonia (1000 видови), Cousinia (600 видови) и Centaurea (со 600 видови). Главоцветните растенија се космополитски, но најчести во умерените области и тропските планини. Оваа фамилија содржи неколку видови кои се важен извор на масла за јадење, засладувачки агенси, како и чаеви. Членовите на неколку родови се добро познати во хортикултурата, како георгините и хризантемите. Комерцијалниот вид на сончоглед Helianthus се користи како модел во проучувањето на хибридизацијата, а се проучува и неговата улога во специјацијата. СистематикаФамилијата нашироко е призната како дел од редот Asterales. Традиционално, во оваа фамилија се вбројуваа две потфамилии: Asteroideae (или Tubuliflorae) и Cichorioideae (или Ligulifloreae). Последната е парафилетска и денес е поделена на повеќе помали групи (во поновите системи). Следните потфамилии се базирани на систематиката на Panero & Funk (2002), а се појавуваат и во APG системот.
Четирите потфамилии Asteroideae, Cichorioideae, Carduoideae и Mutisioideae сочинуваат 99% од специфичниот диверзитет на целата фамилија (приближно 70%, 14%, 11% и 3%, соодветно). Морфолошки карактеристикиВидовите од оваа фамилија се карактеризираат по тоа што имаат капитулум (глава), потоа инфериорен унилокуларен овариум со еден семенов зачеток и (со неколку исклучоци) фузирани антери кои се распоредени околу устенцето. Капитулумот е специјализирано недетерминирано соцветие кое може да содржи од 1 до илјадници цветови. Цветната секвенца во капитулумот е речиси секогаш од надворешноста кон центарот, т.е. центрипетална. Цветовите лежат на дискот или рецептакулумот, кој претставува едно издолжено стебло кое може да биде рамно, конкавно, конвексно или поретко колумнарно. Дискот и цветовите се опкружени со брактеи или листовидни структури наречени филарии кои колективно образуваат инволукрум. Филариите може да се поредени во еден ред и се еднакви или различни по должина. Повеќето претставници имаат инволукруми со неколку серии на филарии. Кај овие видови, филариите можат да бидат субеквални, при што сите филарии се со еквивалентна должина или имбрикатни. Инволукрумите составени од имбрикатни филарии се најчестите во фамилијата (како кај Cynara cardunculus), каде мултипните серии на филарии се преклопуваат меѓусебно. Кај некои видови, најнадворешните филарии понекогаш претставуваат листови. Рецептакулумот може да е гол или во некои случаи да поседува брактеовидни структури наречени paleae, лушпи или влакна кои го опкружуваат цветот. Инволукрумот може да има различни форми – од цевчести до полусферични.
|
This article is from Wikipedia. All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License.