Националната Кошаркарска Асоцијација (англ.National Basketball Association или NBA) се смета за најсилната кошаркарска лига во светот. Лигата беше создадена во 1946 под името Кошаркарска Асоцијација на Америка (БАА). Во 1949, БАА се соедини со ривалната Национална Кошаркарска Асоцијација (НБА), и воедно го прифати името НБА.
НБА денес има 30 тимови, од кои 29 се од САД и еден тим е од Канада. 30те тимови во лигата се поделени во две конференции, Источна и Западна, со по 15 тимови. Секоја од конференциите е поделена на три дивизии од по 5 тимови. Во истокот се наоѓаат Атланската, Централната и Југоисточната дивизија. Во западот се наоѓаат Југозападната, Северозападната и Пацифичката дивизија. Типична НБА сезона има 82 мечови, и најдобрите 8 тимови од секоја конференција, добиваат право на учество во разигрувањето. Најдобрите тимови преку сезоната во конференциите се најпривилегирани, и играат против најслабо-рангираниот осми тим. Вториот и седмиот тим се разигруваат, третиот и шестиот и тн. Секое разигување меѓу два тима се вика плејоф серија. Победникот на четири од седум можни мечови ја добива серијата и се пласира в наредната рунда. После неколку кола, победниците на двете конференции се среќаваат во НБА финалето.Во сезоната 2006/2007,шампиони беа Сан Антонио Спарс од Тексас , а во најновата сезона 2008/2009, шампиони беа Лос Анѓелес Лејкерс.