2001 година, според грегоријанскиот календар е првата година од 21 век и од 3 милениум. Сепак, популарната култура често ја зема 2000 година како прва од новиот милениум.
Настани
1 јануари - Црн монолит висок приближно 2,7 метри се појавува над Магнусон Парк, Сиетл, поставен од страна на анонимен уметник како референца на книгата/филмот Одисеја 2001.
22 јануари - Еден македонски полицаец е убиен, а тројца ранети во нападот на полициската станица во Теарце, во близина на Тетово.
12 февруари - Први вооружени пресметки меѓу македонските сили за безбедност и припадниците на ОНА, што се смета како датум на почеток на воената криза во Македонија.
4 март - Тројца македонски војници се убиени во близина на северната граница.
22 март - Претседателот Борис Трајковски најавува жестока акција против припадниците на ОНА. Македонските безбедносни сили започнуваат офанзива во регионот на Тетово.
28 април - Кај Вејце, Тетовско, на ѕверски начин се масакрирани 8 припадници на македонските безбедносни сили од страна на припадници на т.н. ОНА. Настанот се смета за едно од најголемите ѕверства во поновата македонска историја.
8 јуни - Припадниците на ОНА воспоставуваат контрола врз скопското село Арачиново.
12 јуни - Генерал потполковник Јован Андревски, Началник на Генералштабот на АРМ, поднесе неотповиклива оставка, како морален чин, сочувствувајќи со огромната загуба на млади животи во Армијата.
7 август - Македонските безбедносни сили, во вооружена пресметка, ликвидираат петмина осомничени албански терористи во Скопје.
8 август - Десет припадници на безбедносните сили на Република Македонија се убиени, а тројца се повредени во нападот што албанските терористи го извршија врз воениот конвој кај местото Карпалак на патот Скопје - Тетово.
16 ноември - Македонскиот претседател Борис Трајковски го потпиша писмото со кое формално се потврдува амнестијата за поранешните членови на т.н. ОНА кои доброволно го предале оружјето.
12 декември - Демократска алтернатива стана вон-парламентарна партија, откако сите пет пратеници на пратеничката група ја напуштија партијата и решија да настапуваат како независни пратеници.
More about 2001: 2001 space odyssey, snatch 2001 film, 2001 dance film last save, 2001 barbed dvd jones, 2001 blow film, 2001 5292001 address baccalaureate, april 10 2001, 2001 sebring, act 2001,