Poll without page-refresh
Article on other languages:
Настани
3 февруари - ЦИА признава дека не постоеше непосредна опасност од оружје за масовно уништување пред американската инвазија на Ирак
4 февруари - Во Скопје излезе првиот број на дневниот весник „Време“
26 февруари - Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски загинува во авионска несреќа кај селото Ротимља во близина на Мостар во Босна и Херцеговина заедно со неговите соработници и екипажот на авионот.
14 март - Владимир Путин извојува убедлива победа на претседателските избори во Русија , добивајќи втор мандат
29 март - Бугарија , Естонија , Латвија , Литванија , Романија , Словачка и Словенија стануваат членки на НАТО
28 април - На третите вонредни претседателски избори во Република Македонија, Бранко Црвенковски е избран за претседател на државата. Во вториот круг на гласањето Црвенковски, освои 553.520 гласови, или 62,7% од гласовите, додека неговиот противкандидат Сашко Кедев освои 329.271 гласови, или 37,3%.
28 април - Се дознава за злоставувањето на затвореници во Абу Граиб во Ирак од страна на американски војници
1 мај - Десет нови членки се примени во Европската Унија : Полска , Литванија , Латвија , Естонија , Чешка , Словачка , Словенија , Унгарија , Малта и Кипар
12 мај - Бранко Црвенковски ја презема должноста Претседател на Република Македонија .
4 јули - Формирана е ВМРО Народна партија од страна на приврзаниците на Љубчо Георгиевски , по неуспешниот обид за преземање на раководството во ВМРО-ДПМНЕ . За прв в.д. претседател на партијата е избрана Весна Јаневска .
13 - 29 август - Се одржуваат Летните Олимписки Игри во Атина .
3 ноември - Републиканецот Џорџ В. Буш , по втор пат е избран за претседател на САД.
4 ноември - САД ја признаа Република Македонија под уставното име.
7 ноември - Се одржува Референдумот во врска со новата територијална поделба на Р. Македонија
15 ноември - Хари Костов поднесе оставка на функцијата премиер на Република Македонија
14 декември - Во Хавана е потпишан договор помеѓу Куба и Венецуела со кој се воспоставени темелите на Боливарската алтернатива за Америките
26 декември - Катастрофален земјотрес со интензитет од 9.3 степени според Рихтеровата скала , го погоди дното на Индискиот Океан . Како последица на земјотресот и цунамите кои ги зафатија Индонезија , Шри Ланка , Индија и Тајланд , загинаа 186.983 лица, а 42.883 се сметаат за исчезнати. Овој настан се смета за најголема природна катастрофа во модерната историја.
Родени
Починале
9 јануари - Норберто Бобио , италијански филозоф
26 февруари - Борис Трајковски , македонски претседател
27 февруари - Пол Свизи , американски економист
22 март - Ахмед Јасин , палестински водач
17 април - Абдел Азис ал Рантиси , палестински водач
5 јуни - Роналд Реган , американски претседател
10 јуни - Реј Чарлс , американски пејач
1 јули - Тодор Скаловски , македонски композитор, хорски и симфониски диригент
1 јули - Марлон Брандо , американски актер
14 август - Чеслав Милош , полски писател
8 октомври - Жак Дерида , француски литературен критичар
10 октомври - Кристофер Рив , американски актер
2 ноември - Тео ван Гог , холандски режисер
11 ноември - Јасер Арафат , палестински водач
15 декември - Гого Ивановски , македонски поет
28 декември - Сузан Зонтаг , американска писателка
Видете исто :
More about 2004: 2004 cadillac, 2004 crl.verisign.com csc3 hostname, 2004 can die espns found from guy help i in little nomar now peace pedro red salvation shawshank sox sports, 2004 calendar, franklin 2004, 2004 boston, taurus 2004, 2004 philadelphia, 2004 lincoln,