25 мај

Article on other languages:

Апр - Мај - Јун
п в с ч п с н
      1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31  
календар за 2008 г.
Сите дати

25 мај е 145-иот ден во годината според григоријанскиот календар (146-и во престапна година). Остануваат 220 денови до крајот на годината.

Настани:

1810  Во Рио де ла Плата (сегашна Аргентина) започна бунт против шпанскиот колонијален режим и власта ја презеде привремена влада. Овој ден се прославува како Ден на независноста на Аргентина, иако таа формално е прогласена во јули 1816 година.
1850  Во лондонската зоолошка градина пристигна Обајш, првиот нилски коњ кој бил донесен во Европа.
1911  Претседателот на Мексико, Порфирио Дејас поднесе оставка на функцијата по победата на револуционерните сили над владините трупи во граѓанската војна во државата.
1946  Парламентот на Трансјорданија го прогласува емирот Абдула I за крал.
1958  Во Гостивар почна со редовно производство фабриката за производство на огноотпорни материјали „Силика“.
1963  Во Адис Абеба заврши Самитот на африканските држави, на кој учесниците потпишаа Договор за создавање Организација на африканско единство.
1979  Се случи најтешката несреќа во историјата на американското воздухопловство. Веднаш при летнувањето од чикашкиот аеродром се урна авионот „ДЦ-10“ на „Американ ерлајн“, при што загинаа 272 патници и членови на екипажот.
1997  Кинотеката на Македонија е примена за рамноправен член на Меѓународната асоцијација на филмските архиви.

Родени:

1902  Стале Попов, македонски писател.

Починале:

2001  Алберто Корда, кубански фотограф, познат по неговата фотографија "Guerrillero Heroico" на марксистичкиот револуционер Че Гевара.

Празници:

Ден на младоста во СФРЈ
Ден на независноста на Аргентина
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември

This article is from Wikipedia. All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License.