Јапонската армија го нападна кинескиот гарнизон кај Лучиоа, во близина на Пекинг. Кинеските сили се спротивставија, па Јапонија тоа го искористи како повод за агресија врз Кина. Кинеско-јапонската војна траеше се до капитулацијата на Јапонија во септември1945 година.
Борис Бекер станува првиот нерангиран играч, најмладиот тенисер (дотогаш), како и првиот Германец што го освојува Вимблдон, на возраст од само 17 години и 7 месеци.
Целиот тираж на Хари Потер и Огнениот Пехар, четвртото продолжение на авантурите на малиот волшебник, е распродаден уште во претплата, пред и воопшто да биде испечатено делото.
Мирослав Крлежа, хрватскиписател, еден од најзначајните личности на културно-книжевните случувања во периодот по Првата светска војна. Неговиот книжевен опус опфаќа поезија, критики, полемики, драми, есеи, студии, романи и друго. најзначајни негови дела се „Хрватскиот бог Марс“, „На работ од умот“, „Господа Глембаеви“ и „Во агонија“. Умре во Загреб, на 29 декември1981 година.